Заменик Претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски престојуваше во работна посета на Кочани.

Како што истакна Пешевски, цел на неговата посета е да се сретне со граѓаните на Кочани и со членовите на партијата на која и припаѓа за да го изнесе својот став за причините на кризата во која се најде државата и поради кои причини ќе се оди на предвремени Парламентарни избори. Во своето обраќање пред новинарите Пешевски додаде дека е цврсто убеден дека партијата на ВМРО ДПМНЕ ќе победи убедливо на претстојните Парламентарни избори и дека ќе освои 63 пратеника, доволно за нов мандат во кој ќе треба да се довршат започнатите проекти кои ќе бидат и дел од Програмата на партијата.

По средбата со новинарите Владимир Пешевски во штабот на ВМРП  ДПМНЕ со членови на партијата одржа состанок зад затворени врати.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари