Граѓаните од централното градско подрачје, како и минувачите кои често се на овој простор во градот деновиве беа поприлично изненадени кога некој си „херој“ решил да постави железна врата на преминот во зградата во непосредна близина на „Уни Банка“.

Изненадувањето е дотолку поголемо бидејќи не со години туку со векови овде бил „Доклевечкиот пат“ кој го користеле голем број на луѓе и при изградбата на зградата намерно е оставен овој простор за движење на луѓето.

Со безобразното и нецивилизирано поставување на металната врата на која ставил и брава за заклучување „херојот“ на денот си поиграл со чувствата на многумина.

Да потсетиме овој премин го користат голем број на луѓе кои побрзо од улиците „Браќа Ставреви“ и „Тошо Арсов“ доаѓаат до аптеките, до улицата, до продавниците со прехранбени артикли, едноставно многу побргу можат да отидат и во болницата доколку за тоа имаат потреба.

Но деновиве по се изгледа со амин на некој од надлежните од општината, влезот е затворен и сите се некако затечени.

Не можевме во денешниот разговор со револтираните граѓани да дознаеме за името на „херојот“ но ни посочуваат дека се работи за некој бизнисмен кој од неодамна купил два стана во зградата, кои ги споил и кој е доста близок со луѓето од власта.

Се надеваме дека набргу и неговиот идентитет ќе биде откриен.

С. Ивановски

DSCN8122

DSCN8123

DSCN8124

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари