Во организација на Модното студио „Црнокрак“ и еден од најубавите ресторани во Македонија „Амор“, вечерва во Кочани беше избрана „Мис Глоуб“ за Кочани, како дел од турнејата на која дванаесетте  убавици ќе посетат неколку градови во Македонија.

Во преполната сала на ресторан „Амор“ која вечерва беше центар на убавината, во четирите круга продефилираа дванаесет прекрасни девојки по што жири-комисијата имаше тешка задача да ги одбере најубавите.

Сепак, комисијата одлучи титулата „Мис Глоб“ за Кочани да ја понесе Андријана Илиевска од Скопје, прва придружничка е Ангела Ставревска од Охрид а честа да биде втора придружника и припадна на Елена Петреска од Прилеп.

Жири комисијата вечерва додели уште пет признанија: Стефанија Тиквешанац „Мис фото“, Сања Милевска „Мис фејс“, Ивана Маневска „Мис шарм“, Андријана Цветковска „Мис боди“ и Кристина Поптрпева од Кочани „Мис на публиката“,

Лентите и круната на убавицата им ги врачи Тиана Јовиќ, претставникот на еден од организаторите, ресторанот „Амор“.

Гостите ги забавуваа „Викторија Бенд“ од Радовиш и Групата „Феникс“ од Штип

С. Ивановски

2

3

1

4

5

6

7

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари