Нов пораз за екипата на „Кочани“ од „Драгон“ на домашен терен, овој пат во рамките на 5-тото коло од Првата Фудбалска Лига за жени 0:2 (0:1).

Некогаш натпреварите на денешните противници, шампионите на Македонија во последните три години беа дерби на првенството, а денес? Неинтересно на моментни и здодевно што покажува дека екипите не се повеќе она што беа.

И во таква игра, во која средината на теренот беше префрлана час од едните, час од другите, донесе неколку изгледни шанси за гол. Гостите неколкупати иако беа очи во очи со домашниот голман Костова не успеаја да ја совладаат, а домаќините од нафрлени слободни удари еднаш директно ја погодија гредата, а еднаш пречката.

Екипата на „Драгон“ поведе во 34’ по одлично изведениот слободен удар на Марковска. Таа силно биеше, топката помина покрај живиот ѕид и заврши во десниот горен агол на Костова.

Вториот погодок беше постигнат во последната минута од натпреварот кога Нацева најпрвин ја погодија пречката а на одбиената топка натрча Дервиши и стави точка на натпреварот.

С. Ивановски

DSCN8648

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари