Во пресрет на предвремените Парламентарни избори вчера (Недела) членот на Извршниот Одбор на СДСМ Пеце Мирчевски престојуваше во работна посета на Кочани. Тема на разговорите беа секако престојаните избори, но посетата беше искористена и за отворањето на првиот месен штаб на подрачјето што го покрива ОО на СДСМ од Кочани во пресрет на изборите.

Како што не информираат од ОО на СДСМ од Кочани, месниот штаб е отворен во Месниот одбор 0850, на улицата „Гоце Делчев“, а целта на неговото отворање е воспоставување подобра координација за активностите на активистите и создавање на подобри услови за работа на истите на терен.

С. Ивановски

3

9

2

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари