Денес во Клонот „Сончогледи“ на Детската Градинка „Павлина Велјанова“ беше извршена презентација на Проектот „Сонце, вода, ветер“.

Овој проект опфаќа инсталирање на колектори на сончева енергија во трите објекти на ЈОУДГ „Павлина Велјанова“: „Сончогледи“, „Ѕвездички“ и „Цветови“.

Проектот е со вкупна вредност од 153.500,00 денари, грант на „Мировниот корпус“ во Македонија во соработка со волонтерката Катлин Ридер, а во техничка изведба на компанијата „Еко солар“ од Штип.

DSCN8688

На презентацијата на проектот „Сонце, вода, ветер“ освен Директорот на ЈОУДГ „Павлина Велјанова“, Лидија Серафимова присуствуваа и волонтерката Катлин Ридер, Претседателот на Советот на Општина Кочани Јордан Димитров, Координаторот на „Мировниот корпус’ Наташа Наумовска, Менаџерот за безбедност во „Мировниот корпус“ Гоце Спасов, како и директорот на компанијата „Еко Солар“ од Штип.

С. Ивановски

DSCN8667

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари