Во организација на Сојузот на училиштен спорт од Кочани и Предметните наставници по физичко и здравствено воспитување, денес во ОУ „Малина Попиванова“ се одржаа годинешните Училишни Општински Натпревари во пинг понг, за момчиња и девојчиња.

Кај момчињата супериорни беа учениците од ОУ „Раде Кратовче“ кои ги освоија првите три места што се повтори  кај девојчињата, каде пак најуспешни беа натпреварувачките од ОУ „Крсте Петков Мисирков“.

Кај момчињата првото место го освои Иван Јанков, втор е Виктор Паунов а трет Александар Георгиев.

Кај девојчињата првото место и припадна на Сара Момчилова, второто на Зорица Крстова а третопласирана е Ана Арсова.

С. Ивановски

2

3

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари