Познатата поп-фолк пејачка Јулија во придружба на Александар Цветковски – вокал и Игор Арсовски – синтисајзер во Петок и Сабота со почеток во 22:30 часот ќе гостува во „Кмет Бар“ во Грдовци. Активна со своите настапи уште на почетокот на 90-тите, со своите многубројни хитови и убавиот изглед уште тогаш ја доби својата слава и популарност на Македонската естрада. Јулија иако ги одмина 50-тите години во својот живот, уште изгледа преубаво и привлечно. Русокосата дама вели дека за својата топ форма, вита става и заводнички изглед заслужни се нејзините тренинзи кои редовно ги има во теретана, што е уште еден доказ дека жената може да изгледа убаво, заводнички и посакувано во секој период од животот. На убавината на Јулија денес можат да и позавидат голем број на естрадни музички ѕвезди.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари