Во „Спортската сала“ во Кочани се одржа 20-тиот јубилеен меморијален турнир во борење „Андонов-Колев“ на кој годинава учествуваа 45 борачи од 7 клубови во државата (Балканец, Бучим, Лирија, Тефејуз, Неготино, Прилеп и Спартак).

Гостите ги поздрави а воедно и турнирот за отворен го прогласи Јордан Димитров, Претседател на БК „Спартак“ од Кочани, додека обраќање за значењето на турнирот имаше Насе Насев.

Домаќинот на турнирот се појави со само двајца претставници: Столе Ефтимов во категоријата 76 килограми и Петар Костов во категоријата до 85 килограми.

За „Најдобар борач“ на турнирот беше прогласен  Бекир Алили од екипата на „Лирија“ – Скопје кој во категоријата до 38 килограми заслужено го освои првото место, додека за „Најдобар техничар“ беше прогласен Столе Ефтимов од „Спартак“ – Кочани кој во својата категорија стигна до сребрениот медал, откако златото му припадна на Бунјамин Нукши од „Тефејуз“ – Скопје.

С. Ивановски

2

3

4

5

6

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари