Според Дневниот билтен на МВР, во неделата  (06.11.2016 година) во 13:40 часот во Кочани, на магистралниот пат во атар на населба Оризари се случила сообраќајна незгода помеѓу ПМВ „Мерцедес“ со штипски регистарски ознаки, управувано од А.С. (52) од Штип и велосипед управуван од Б.Т. (65) од населбата Оризари – Кочани.

Во незгодата со тешки телесни  повреди се стекнал велосипедистот Б.Т., кој по укажаната медицинска помош во Јавна здравствена установа во Кочани, поради сериозноста на повредите бил препратен во „Клинички центар“ во Скопје.

Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС Кочани.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари