СДСМ на 21-виот партиски конгрес што се одржа изминатиот викенд ги објави листите на пратеници кои ќе го бараат гласот на народот на предвремените Парламентарни избори.

Во ИЕ 3 во која припаѓа и Општина Кочани највисоко котира Сашко Костов, актуелен Претседател на ОО на СДСМ од Кочани кој е на 5-тата позиција која според аналитичарите е добитна комбинација.

Мошне високо котира и Славица Шуманска Митева од ОО на СДСМ од Виница која е на 10-тото место а на 17-тата позиција на листата се најде Соња Иванова од ОО на СДСМ од Кочани.

Се потврдија најавите на раководството на партијата дека на листите ќе се најдат голем број на имиња на млади луѓе кои немаат оставено некои негативни хипотеки во политичкото и секојдневното живеење.

Дали имињата кои се најдоа на листите ќе бидат добитна комбинација за СДСМ ќе покажат предвремените Парламентарни избори кои се закажани за 11 Декември оваа година.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари