По објавувањето на веста во некои медиуми за „наводна пресметка“ на наставник со ученик, веднаш се јавија со Реакција од ОУ „Св. Кирил и Методиј“ од Кочани, која Ви ја пренесуваме во целост.

Основното училиште „Свети Кирил и Методиј“ ја известува јавноста дека настанот за конфликт меѓу наставник и ученик, за кој пишуваат одредени медиуми е пренесен предимензионирано и еднострано.

Случката помеѓу наставник и седмоодделенец од нашето училиште се случила на 14 октомври 2016 г., при што наставникот реагирал против недисциплинирано однесување на ученикот, но притоа не применил сила со која може да се нанесе физичка повреда на ученикот.

Ученикот бил отстранет од час бидејќи ја оневозможувал наставата и се однесувал недолично кон наставникот и не почитувајќи ги правилата на куќниот ред на училиштето. И покрај тоа што наставникот неколкупати го опоменал, ученикот не го подобрил своето однесување и продолжил да го навредува наставникот и да го нарушува редот и дисциплината на часот, по што бил отстранет од час.

Ученикот има повреда, но на кој начин настанала, нема докази ниту сведоци во училиштето.

При пријава на повредата, стручните служби веднаш реагирале и соодветно го згрижиле ученикот.

Училиштето навремено презеде соодветни мерки за однесувањето и на ученикот и на наставникот.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари