Листите на пратеници за претстојните предвремени Парламентарни извори од страна на СДСМ се завршени, на ред се листите од владејачката партија и нејзините коалициони партнери.

Кочанчани со љубопитност очекуваат да видат кој од Кочани и на кое место ќе се најде на листата за пратеници од ВМРО  ДПМНЕ во ИЕ 3.

Според извори од партијата дознаваме дека актуелниот Градоначалник на Општина Кочани Ратко Димитровски ќе биде личноста што ќе се најде на листите, но според истите извори не се исклучува можноста како скриен адут на партијата да биде номиниран и актуелниот Претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ од Кочани, д-р Лазо Митев.

Доколку на листата се најде актуелниот Градоначалник на Кочани Ратко Димитровски, до Локалните избори функцијата градоначалник ќе ја извршува некој од советниците на партијата на власт, посочува нашиот извор.

До Петок до кога е закажан Конгресот на ВМРО ДПМНЕ ќе има комбинаторики колку што сакаш, но факт е дека најголеми шанси му се даваат на Ратко Димитровски.

Но сепак да го почекаме петокот.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари