Со завршувањето на третата крводарителска акција, Полициска Станица „Кочани“ во целост го реализираше планот за оваа година.

Акцијата која се спроведува веќе неколку години е заснована на  потпишаниот Меморандум од страна на Министерството за Внатрешни работи на Република Македонија, Институтот за трансфузиологија на Република Македонија  и Црвениот Крст на Република Македонија.

Раката ја подадоа и ја даруваа најскапата течност 24 лица вработени во ПС „Кочани“, со што планот во целост се реализира и акцијата е забележана во групата „доста успешни“.

С. Ивановски

P3780878

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари