Ако изминатиот викенд беше преполн со спортски возбудувања, во Сабота и Недела освен пинг-понг љубителите на спортот во Кочани нема што друго да гледаат.

Имено во рамките на 5-тото коло од Првата пинг-понг лига лидерот на табелата „Кочани“ во Недела во салата на ОУ „Малина Попиванова“ ја пречекува екипата на „Студент“. Натпреварот започнува во 11:00 часот.

Екипата на ЖФК „Кочани“ во рамките на 7-то коло од Првата Фудбалска Лига за жени гостува во Битола каде домаќин ќе и биде „Топ Гол“, додека кошаркарите на „Баскет Дино“ гостуваат во Кичево.

Во рамките на 12-тото коло од Третата Фудбалска Лига – Исток по долги низа години на програмата е регионалното дерби. Имено во Македонска Каменица домашната „каменица Саса“ го пречекува „Осогово“.

Ако се погледне табелата, разликата од второ пласираното „Осогово“ до петто пласираната „Каменица Саса“ е само пет бодови што е гаранција за добар и неизвесен натпревар.

На другите натпревари се сеќаваат:

„Слога 1934“ – „Брегалница Голак“

„Малеш“ – „Овче Поле“

„Напредок Здравје“ – „Кит Го Пехчево“

„Плачковица“ – „Тиверија“

„Беласица“ – „Работник“

Слободна во ова коло е екипата на „Василево“ а „Рудар“ веќе ги прокнижи трите бода добиени на зелената маса од натпреварот со „Бирлик Конче“.

Натпреварите започнуваат во 13:00 часот.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари