Со две нови засилувања ЖФК „Кочани“ ги продолжува настапите во Првата Фудбалска Лига за жени. Од средата со право на настап за кочанскиот прволигаш се стекнаа Станкица Атанасова и Душанка Пејкова.

Станкица Атанасова е дете на ЖФК „Кочани“ во чии редови настапуваше до крајот на натпреварувачката 2011/2012 година, кога во летниот преоден рок поминува во екипата на „Младост Иднина С“ каде две сезони настапува со голем успех. Последен клуб од чии редови се враќа во матичниот е екипата на „Драгон 2014’ со која има освоено две Шампионски титули е еднаш е победник на Купот на Македонија.

Душанка Пејкова во прволигашот од Кочани доаѓа од екипата на „СЦ Истатов“ од Дојран. Има настапувано и за екипата на „Тиверија“.

И Атанасова и Пејкова се одбранбени играчи и право на настап имаат веќе во недела кога „Кочани“ му гостува на „Топ Гол“ во Битола. Во ЖФК „Кочани“ се надеваат дека и двете нови засилувања бргу ќе се вклопат во концепцијата на тренерот Оливер Јовановски и ќе бидат еден од адутите во понатамошниот тек од првенството.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари