Прогнозите и најавите од луѓе од партијата на власт дека во трка за пратеничка функција во ИЕ 3 ќе влезат или актуелниот Градоначалник на Општина Кочани Ратко Димитровски или Претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ д-р Лазо Митев, вечерва паднаа во вода, и двајцата извисија.

Дознаваме дека во ИЕ 3 на предвремените Парламентарни избори трката за пратенички мандат од Кочани ќе ја трча и досегашниот Пратеник во Собранието на Република Македонија Иван Иванов.

Денес на Извршниот Комитет на ВМРО ДПМНЕ беа предложени листите со кандидати, а вечерва истите беа усвоени од Централниот Комитет со акламација.

За утре е закажана промоција на кандидатите.

Иван Иванов се најде на 11-тото место на листата во ИЕ 3.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари