Со отпочнувањето на жетвената сезона, како и со другите земјоделски активности кои се извршуваат на земјоделските површини во овој период од годината на подрачјето што го покрива Полициската станица од општа надлежност – Кочани, зачестена е појавата за палење на стрништата и останатото земјоделско земјиште, со што неретко се предизвикуваат пожари од кои настануваат штети на граѓаните.

Од тие причини повторно апелираме до земјоделците од Општина кочани, Општина Чешиново-Облешево и Општина Зрновци да се воздржат од праксата за палење на оган на отворен простор, со што би се избегнала опасноста за настанување на пожар.

Иако досега во повеќе наврати е укажувано за оваа појава, како од страна на ПС Кочани, така и од страна на противпожарната единица – Кочани и од претставници на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, несовесните земјоделци и понатаму ја користат оваа девијантна активност за постигнување на своите цели.

Заради сузбивање на оваа појава, ПС Кочани во содејство со Државен инспектор за земјоделство и претставници од ТППЕ Кочани ќе врши зајакнати контроли на теренот, а против прекршителите на позитивните законски регулативи ќе бидат преземени сите законски мерки.

Командир на ПС Кочани

Горан Велковски

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари