По денешната победа, пингпонгарите на „Кочани“ и понатаму остануваат лидери на табелата во Првата пингпонгарска лига.

Со по две победи на Ефремов и Христов и една на Тодосиев, пингопнгарите на Кочани, денес во салата на ОУ „Малина Попиванова“  во рамките на 5-тото коло на Првата пингпонгарска Лига ја совладаа секогаш незгодната екипа на „Студент“ со 5:1.

На табелата со по 9 освоени бода се „Кочани“ (24:09), „Рисови“ (23:17) и „Астраион“ (21:17), пред „Мултитекс“ 8, „Струга“ и „Пошта 2“ со по 6, „Студент“ 5 и „Борец ТИМ“ 3 освоени бода.

Во досегашниот тек на првенството пингпонгарите на „Кочани“ прикажаа мошне добри настапи и со право конкурираат за освојувањето на првото место на крајот од првенството кое гарантира влез во Супер Лигата.

С. Ивановски

2

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари