Градоначалникот на Општина Кочани, Ратко Димитровски потпиша два меморандума за соработка за проекти со Министерството за труд и социјална политика.

„Меморандумот за проектот „Инклузија на деца Роми во претшколските установи“ значи да се продолжи проектот којшто беше во претходните 11 години за заедничко финансирање на децата Роми во предучилишните установи. Останува да се финишираат и разговорите околу договорот и очекуваме дека во најкраток период ќе имаме потпишување и на договорот за оваа учебна година, од септември 2016 до јуни 2017 година – соопшти по состанокот градоначалникот Димитровски.

Проектот „Инклузија на деца Роми во јавни предучилишни установи (детски градинки)“, Министерството за труд и социјална политика го реализира во соработка со Ромскиот едукативен фонд од Будимпешта, 18 единици на локална самоуправа, како и 17 ромски невладини партнери со цел да се исполнат на дел од мерките и активностите кои произлегуваат од Декадата и Стратегијата за Ромите во Република

Македонија.

Димитровски го потпиша и меморандумот за проектот „Локална интеграција на бегалци, внатрешно раселени лица и малцинства“ кој се имплементира од страна на EPTISA во соработка со Министерството за труд и социјална политика. Со него е предвиденo зајакнување на капацитетите на државната аминистрација на национaлно и

локално ниво за поуспешна поддршка на локалните процеси на интеграција и инклузија на Ромите, Ромите бегалци и внатрешно раселени лица. За таа цел ќе се формираат локални координативни тела во рамки на општините, а во состав на повеќе институции на локално ниво за подготовка на локални акциски планови за Роми во општините.

Покрај Кочани, во овој проект се вклучени и општините Берово, Битола, Виница, Гостивар, Делчево, Куманово, Прилеп, Шуто Оризари, Чаир, Тетово и Штип.

2

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари