ПРВО И ВТОРО МЕСТО ЗА ЈОВАНА ДАВИТКОВСКА И НИКОЛИА МАНЕВА НА ЛИКОВНИОТ КОНКУРС „ФЛОРА И ФАУНА“

февруари 1, 2023
1 минути

Николиа Манева и Јована Давитковска се добитници на дипломи за освоени прво и второ место на ликовен конкурс на тема „Флора и Фауна” 2022 година организиран од Детски ликовен центар -Скопје.

Првото место е за Јована Давитковска а второ место за Николиа Манева.

И Јована Давитковска и Николиа Манева се активни членови на училиштето за цртање и сликање „Бели мугри“ -Кочани под менторство на м-р Александра Димитрова стручен соработник за визуелни уметности, архитектура и дизајн.