Екипата на КМФ „Уни Паб“ ја оствари и втората победа во годинешното првенство. Овој пат тие славеа на гостувањето во Демир Капија каде ја совладаа екипата на „Богородица“ со високи 10:1 (5:0).

Со двете победи и двете нерешени средби досега, екипата на „Уни Паб“ со освоени 8 бодови се наоѓа на високото 3-то место на табелата.

На девојчињата на тренерот Оливер Јовановски ниту двете нови засилувања не им помогнаа, тие од гостувањето во Битола се враќаат со празни раце, „Кочани“ загуби од домаќинот „То Гол“ со резултат 1:2 (0:2) по што и понатака се наоѓаат на претпоследното 8-мо место со само 4 освоени бода.

Единствениот гол за кочанчанки го постигна Станкица Атанасова.

Резултати од 7-то коло во Првата Лига за жени:

„Топ Гол“ – „Кочани“  2.1

„Истатов“ – „Речица“  4:1

„Тиверија“ – „Драгон“  2:3

„Атлетико“ – „Ас Јунајтед“  3:0

Слободна во ова коло беше екипата на „Борец“ од Велес.

С. Ивановски

DSCN2104

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари