Одговорните во општината и понатака ги затвараат очите пред долгогодишните проблеми а граѓаните се нервираат бидејќи никој не ги слуша нивните апели.

Дека одговорните од општината и понатака ги затвараат очите сведочат дупките полни со вода кои им пречат и на возилата кои сакаат да се паркираат и на жителите од зградите во Градскиот Трговски Центар и семејните куќи што гравитираат во нивна близина.

Градските татковци си обезбедија приход од паркирање на возилата кај паркингот во ГТЦ но воопшто не сакаат она што е грда слика во продолжение на паркингот со години да го поправат.

Но жителите на овој потег во градот се „надеваат“ дека можеби во пресрет на изборите ќе се започне со оваа „огромна“ инвестиција, со една приколка земја да се покријат дупките и да се остават повторно природата да си го направи своето.

Ако е и од надлежните од општината, премногу е.

С. Ивановски

2

3

4

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари