По повод „Денот на детето“ во Недела (21.11.2016 година) Младинската организација при СОУ „Љупчо Сантов“ од Кочани организира хуманитарна забава која ќе се одржи во Кафе Бар „Конект“ во Кочани.

На забавата која започнува во 20:00 часот и ќе трае до полноќ, гостите ќе ги забавуваат ученици од СОУ „Љупчо Сантов“ со музички нумери, како и музичката група „А Позитив“

Картите за оваа забава можат да се набават во СОУ „Љупчо Сантов“ и  Кафе Бар „Конект“ по цена од само 30,00 денари.

Собраните парични средства ќе бидат донирани во хуманитарни цели.

Хуманите луѓе ќе можат да донираа и облека која ќе треба да ја достават во самото училиште.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари