Љубителите на спортот во Кочани за време на викендот ќе можат да проследат два фудбалски натпревари, по еден во женска и машка конкуренција.

Во Сабота со почеток 12:00 часот на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани во рамките на 8-то коло од Првата Фудбалска Лига за жени на програмата е натпреварот „Кочани“ – „Атлетико“.

На другите терени се среќаваат:

„Тиверија“ – „Топ Гол“ – натпреварот се игра во Битола

„Ас Јунајтед“ – „Истатов“

„Речица“ – „Борец“

Слободна е екипата на „Драгон“.

P3930889

Во Недела со почеток во 13:00 часот се играат натпреварите од 14-тото коло во Третата Фудбалска Лига – Исток. Во Кочани се игра дерби натпреварот „Осогово“ – „Плачковица“. Кочанчани по поразот во Македонска Каменица минатото коло, бодовите ќе мора да ги бараат на овој натпревар. Иако ослабени поради не играњето на тројца стандардни првотимци кои во Македонска Каменица го заработија и 5-тиот жолт картон во првенството (Срефанчо Цветанов, Пепи Данилов и Филип Ѓеоргиев) кочанчани се оптимисти од причина што само победа ги остава во игра за влез во Втората Фудбалска Лига.

Останати двојки од 14-тото коло:

„Рудар“ – „Слога 1934“

„Брегалница Голак“ – „Каменица Саса“

„Малеш“ – „Напредок Здравје“

„Овче Поле“ – „Работник“

„Тиверија“ – „Беласица“

Натпреварот „Василево“ – „Конче Бирлик“  нема да се игра поради дисквалификацијата на гостинската екипа од првенство, а слободен во ова коло е „Кит Го Пехчево“.

Пингпонгарите на „Кочани“ гостуваат во Скопје на „Пошта 2“ а овој викенд во своите лиги се слободни КМФ „Уни Паб“ и „Баскет Дино“.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари