Во последниот натпревар пред своите гледачи, девојчињата на „Кочани“ ја декласираа младата но амбициозна екипа на „Атлетико“ од Битола со високи 6:0 (2:0). По она што денес го прикажаа штета за кочанчанки што е крај на есенскиот дел од првенството.

Иако првата шанса за отворање на резултатот ја имаа гостите, сепак во 15’ по еден доста добар центар шут од корнер на Петровиќ, Верица Ѓеорѓиева успеа да ја погоди мрежата на гостинките од Битола. Само што тргнаа од центарот една од гостинските играчи (играа со маркери) излезе сама пред домашниот голман Костова но биеше високо над голот.

DSCN8559

Се играше 20’ кога Петровиќ изведе корнер од левата страна. Добро нафрлената топка ги изненади сите па и гостинскиот голман и на општо изненадување на присутните на стадионот заврши во мрежата. само четири минути подоцна судијата Ангелов поради неколку последователни приговори го исклучи од игра гостинскиот тренер Ѓелевски.

И по вториот гол за домаќинките битолчанки создадоа 2-3 прилики за гол и вистинска умешност е како не успеаја да ја погодат мрежата на Костова.

DSCN8741

Второто полувреме во потполна доминација им припадна на кочанчанки. Се редеа шанси за гол од кои Николова во 53’ погоди како и несомнено најдобриот играч на натпреварот Петровиќ во 73’80’ и 85’ од пенал.

Се на се отворен натпревар со доста поволни прилики за гол од страна на двете екипи, но и шест голови во мрежата на „Атлетико“.

С. Ивановски

DSCN8594

DSCN8705

DSCN8756

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари