АЛЕКСАНДАР АНДОВ: ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТО ВО МАНДАТОТ ОД ШЕСТ МЕСЕЦИ

февруари 6, 2023
0 минути

Денеска беше отворена новата комплетно реновирана наставничка канцеларија во ОУ „Никола Карев“ Кочани која воедно беше и последниот проект од повеќето кои се реализираа во време на сега веќе претходниот в.д. директор Александар Андов.

За време на својот мандат од шест месеци освен оваа реновирана наставничка канцеларија во ООУ „Никола Карев“ – Кочани Александар Андов ги реализираше и проектите кои беа презентирани на неговиот денешен отчет што го организираше по повод шесте месеци од неговиот мандат:

  • отворена нова канцеларија за училишниот дефектолог,
  • отворена нова канцеларија за училишниот социолог,
  • комплетно реновирање на просторијата на техничкиот персонал,
  • реновирана и проширена училишната библиотека со училишна медијатека,
  • обезбедени нови модерни клупи за сите катови од училиштето,
  • поставено е надворешно осветлување на целиот објект и направен е сопствен паркинг простор,
  • целосно е променето внатрешното осветлување на првиот кат од училиштето,
  • старата и дотрајала ограда околу училиштето е комплетно заменета со нова,
  • претставување на идејниот проект за тоа како треба во иднина да изгледа училиштето,
  • уредување на училишниот двор,
  • организирање на Новогодишен базар од кој што собраните средства беа уплатени онаму каде и беа најпотребни,
  • во подрачните училишта во с. Грдовци и с. Тркање обезбедени се инвертер клими, како и две интерактивни табли.

Освен реализираните проекти за време на мандатот од шест месеци беа организирани и низа спортски, музички и други културни манифестации со што е заокружен еден мандат од кој најголема полза имаат учениците и наставничкиот кадар.

С.  Ивановски