Во неделата некаде околу 15:45 часот бела густа трага што остана на небото над градот подолг период ги возбуди дел од граѓаните што го гледаа.

Дел од нив читајќи по социјалните мрежи имаа различен коментар. Едни тврдеа дека е трагата од авион на млазен погон, а другите дека тоа е нешто сосема друго кое веќе подолг период се појавува над територијата на Македонија.

Да иронијата биде поголема и по 15 минути од првите фотографии белата трага во правец исток-запад уште се забележуваше.

За да населението има поконкретни сознанија не само во Кочани туку и пошироко потребно ќе биде релевантните структури во државата сето тоа да го објасни, во спротивно и понатака ќе се размислува дека низ нашиот воздушен простор ќе може да лета кој кога сака и да прави што сака.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари