Од 17 до 20 Ноември во Благоевград (Бугарија) се одржа Меѓународниот турнир во гимнастика „Љубчо Солачки“.

На турнирот на кој зедоа учество околу 200 гимнастичари од Македонија, Бугарија, Грција, Белгија и Велика Британија имаше и двајца претставници од КГС „Кочани“, Јана Николова и Антонио Јаношевиќ.

Во мошне силна конкуренција и двајцата изборија пласман меѓу осумте во својата категорија и обезбедија настап во финалето.

Јана во „Повеќебој“ го освои 7-то место, откако на двовисински разбој беше петта а во прескок шеста, додека Антонио во настапот на рзбој го зазеде осмото место.

Овој настап за двајцата млади, но мошне талентирани гимнастичари преставува искуство повеќе во понатамошниот развој на нивната кариера.

С. Ивановски

2

3

4

5

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари