Со одлука на Комисијата за доделување стипендии, во студиската 2016/17 година Општина Кочани ќе стипендира 30 жители на Кочани,  редовни студенти на државните универзитети  во државава.

Денес во салата на Советот на Општина Кочани новите стипендисти на Општина Кочани ги потпишаа договорите за користење на стипендија.

Според критериумите за добивање стипендија, успехот носеше најмногу 70 бода, материјалниот статус  до 20 бода, а пет бода имаа децата на самохрани родители. Приоритет имаа децата кои до полнолетството престојувале во домови за згрижување во Република Македонија.

DSCN9264

Студентите од Градежен, Архитектонски, Геодетски и Технолошки факултет  имаа дополнителни пет поени, бидејќи нивните струки, со одлука на градоначалникот, беа утврдени за дефицитарни.

Првпат Општина Кочани додели стипендии во 2009/10 година, а досега се доделени вкупно 201 стипендија.

Решенијата на новите стипендијанти им ги врачи Градоначалникот на Општина Кочани Ратко Димитровски

С.Ивановски

DSCN9271

DSCN9277

DSCN9273

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари