Во Салата за состаноци на Локалната Самоуправа – Кочани во присуство на претставник на Локалната Самоуправа – Кочани и тројца претставници на партиите и нивните коалициони партнери, денес беа извлечени редните броеви за бесплатно лепење на плакати за време на кампањата за предвремените Парламентарни избори.

По извлечените броеви од пехарот партиите ќе можат да лепат плакатите по следниот редослед:

1.СДСМ и коалицијата

2.ВМРО за Македонија

3.ВМРО ДПМНЕ и коалицијата

Партиите за време на кампањата на Локалните избори ќе можат плакатите да ги лепат на неколку одредени места во градот и селата. Во Градското подрачје плакати ќе можат да се лепат на ѕидот на ул. „4-та Македонска бригада“, ѕидовите на ул. „Тодосија Паунов“ кај железничката станица и спроти бензинската помпа на „Мак Петрол“ како и на рекламните паноа поставени во градот кај автобуската станица, кај Хотел „Центар“ и кај крстосницата во Стришани.

Во селата плакати ќе се лепат кај веќе утврдените места за оваа намена а тоа се местата каде се истакнуваат соопштенија и други известувања за населението од тоа место.

С. Ивановски

DSCN9437

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари