Иако помина една година откако имаше свлекување на ридот на патниот правец КОН Македонска Каменица, надлежните и понатака се прават дека ништо не гледаат.

Овој патен правец е ризичен за возачите особено сега во овие временски услови, кога секој момент може да заврне дожд или снег.

Големата карпа и понатака стои над самиот коловоз и ти се чини дека секој момент ќе се најде долу и ќе го блокира патот, или не дај Боже да падне кога наидуваат возила.

DSCN0664

Тоа ама баш никој не интересира.

Лоша е сликата и на самиот асфалт кој е преполн со големи дупки па возилата мора да „лазат“ за да поминат.

Треба ли да се случи некоја несреќа па да се интервенира и да се отстранат големите карпи и да се санира асфалтот?

Но знаејќи каква е ажурноста на нашите служби ќе чекаме по се изгледа уште долго време за да патниот правец кон Македонска Каменица стане безбеден.

С. Ивановски

DSCN0666

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари