Почитувани сограѓани, другари и другарки. Почитувани претставници на медиумите.

Ви се обраќам од позиција претседател на ОО на СДСМ Кочани и кандидат за пратеник од нашиот прекрасен град. Ве уверувам дека ПРОМЕНИ во Македонија и Кочани ќе има!!! Ќе има промени и живот во Македонија. Ве повикувам да го искористите вашето избирачко право и на 11-ти декември да гласате за коалицијата на СДСМ под реден број 4.

Новото време доаѓа и тој процес никој не може да го сопре. СДСМ и коалицијата имаат план за живот во Македонија. План за едно општество. Ние се одлучивме за сојуз со вас граѓаните. Нашата програма ќе допре до сите. Ветуваме: нови работни места, повеќе пари во секој семеен буџет, контрола над власта и враќање на правдата за сите…. шанси за младите за живот во Македонија. Впрочем тоа се целите на СДСМ и коалицијата кои ќе се реализираат заедно со Вас граѓаните.

Од тука, Ве повикувам сите да се приклучиме во овој процес. Ќе има промени и живот во Македонија! Ве повикувам да го искористите вашето избирачко право и на 11-ти декември да гласате за коалицијата на СДСМ под реден број 4.

Воедно, Ве Повикувам сите слободоумни граѓани, симпатизери, членови и сите Вие неопределени, Ве повикувам на големиот митинг на СДСМ пред Трговскиот Центар на кој ќе говорат носителот во Изборната единица 3 г-дин Љупчо Николовски, Коалициските другари и секако Претседателот на СДСМ г-динот Зоран Заев.

Кочани, беше и ќе остане Бастион на СДСМ!!!

ОО на СДСМ – Кочани

DSCN9460

DSCN9475

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари