Механизација на Компанијата  „Гранит – Фресине“ од денеска ги започна активностите за расчистување на теренот околу мостот на река Брегалница кај Зрновци, за негово рушење и изградба на нов мост.

Се сечат дрвјата околу мостот, се отстранува железната ограда како и дел од потпорните ѕидови. Мостот веќе е забранет за сообраќај, а жителите од и кон Зрновци поминуваат по новото алтернативно решение кое е изградено со пропусти на реката Брегалница на стотина метри јужно од мостот.

2

„По долги најави еве конечно денеска ги започнавме активностите за рушење на стариот мост на река Брегалница кој страдаше во поплавите минатата година во месец февруари. На негово место ќе биде изграден нов современ мост во должина од 100 метри и широчина од 8 метри“ изјави Блаже Станков, Градоначалник на општина Зрновци.

Финансиските средства за изградба на мостот од 45.000.000,00 денари се обезбедени од  од ЕУ, Фондовите за санација на штети од поплавите имплементирани преку УНДП. Според Станков, мостот се очекува да биде завршен до средината на идната година.

Инаку за жителите од Зрновци и неколку населени места од оваа општина и понатаму важат алтернативните патни правци преку Виница и кон Кочани, преку Мородвис,Теранци и Облешево.

3

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари