Во пресрет на Митингот на СДСМ, вечерва младите социјалдемократи организираа забава во ГТЦ.

На забавата на која присуствуваа голем број на млади членови на партијата како гости беа поканети и Претседателот на ОО на СДСМ – Кочани Сашко Костов и носителот на листата во Изборната единица број 3 Љупчо Николовски.

„Најпрвин сакам да Ви се заблагодарам на поканата да се дружиме сите заедно. Горд сум што покажувате едно голема сплотеност што ми дава за право да верувам дека имаме прекрасна младина. Само така заедно сплотени ќе победиме на изборите на 11 Декември. Ја користам можноста еве вака јавно да Ви упатам покана за утрешниот митинг кој започнува во 19:00 часот“ беше обраќањето на Сашко Костов кон младите.

С. Ивановски

DSCN9524

DSCN9526

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари