Според информациите изнесени на „Националниот веб портал за квалитетот на воздухот“ кој е под ингеренции на Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија, Кочани е во групата на најзагадени градови во Македонија.

Ако се знае дека прагот на дозволено загадување е 50 мг/м³ последните мерења на воздухот покажуваат дека тој во Кочани е над нормалата. Во последните пет дена загаденоста е со следните показатели.

18.11.2016 година  65,64 мг/м³

19.11.2016 година  78,46 мг/м³

20.11.2016 година  66,20 мг/м³

21.11.2016 година  70,20 мг/м³

22.11.2016 година  87,55 мг/м³

Ако се знае дека Кочани важеше за еден од најчистите градови во државата, сега се поставува прашањето на што се должи ваквото нагло загадување во есенскиот и зимскиот период.

Според мислењето на лицата кои се занимаваат со оваа проблематика проблем се неколкуте депонии со смет, палењето на стрништа во овој период на годината и местоположбата на градот на чии околни ридови има многу малку засадени дрва,

Интересно е што загаденоста на воздухот во Кочани многу често варира, некој ден е на нормалата, а веќе следниот над истата.

Крајно време е надлежните во општината да почнат да се занимаваат со овој сега веќе настанат проблем.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари