Вечерва на платото во Градскиот Трговски центар во Кочани опозицијата предводена од СДСМ го одржа закажаниот митинг.

Пред насобраните граѓани најпрвин свое обраќање имаше Ангел Арсов кој зборуваше во името на стечајците од Кочани, Самка Ибраимовски –  Лидерот на ПЦЕР. Сашко Костов – Претседател на ОО на СДСМ – Кочани, Љупчо Николовски – Носител на листата во Изборната единица 3 и Зоран Заев – Лидерот на СДСМ.

Обраќајќи се на насобраните граѓани меѓу другото Заев истакна дека на 11 Декември завршуваат делбите во Македонија, а народот ќе слави: единство, сплотеност, иднина за живот.

„Каква федерализација, какви бакрачи. Зборот федерализација го изговара само Груевски, тој се обидува да ве збуни вас, тоа е неговата очајна тактика за да остане на власт. Јас ќе бидам идниот премиер на оваа држава и ви ветувам и гарантирам живот и иднина за сите граѓани во Македонија. Во првите сто дена од доаѓање на власт ќе биде донесен законот за обезбедување на стечајците во државата. Ќе им ги вратиме парите на граѓаните од 15-те отсто ДДВ, односно ќе вратиме по една плата на секој граѓани“ истакна Заев.

DSCN9799

Тој зборуваше за враќање на евтината електрична енергија за граѓаните, за укинување на радио дифузната такса, за бесплатното болничко лекување со укинување на постојната партиципација. „Здравството ќе биде бесплатно за сите граѓани и ќе се лекува секој граѓанин“ потенцираше Заев.

„Имаме план и за младите, како да ги вратиме во родната земја, да им помогнеме да отворат свој бизнис. Имаме план и за земјоделците, посебно за оризопроизводителите на кои ќе ги зголемиме субвенциите, ќе го откупиме целокупното производство“ истакна Заев.

На крајот од својот говор Заев ги повика граѓаните масовно да излезат на 11 декември и да го заокружат бројот 4 со што би настанале промените и би се спречиле нови четири години голгота.

С. Ивановски

DSCN9873

DSCN9769

DSCN9759

DSCN9669

 

DSCN9695

DSCN9561

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари