Почитувани денешната прес конференција ја свикавме по синокешниот митинг на коалицијата предводена од СДСМ.

Имено,поради огромната безидејност и се помалата доверба од страна на граѓаните, СДСМ почна да злоупотребува и малолетни лица за политички цели во нивната предизборна кампања.

На вчерашниот катастрофален митинг кој што СДСМ го организираше во Општина Кочани, злоупотребија малолетни лица качувајќи ги на бината како дел од сценографијата на нивниот митинг во Кочани.

Малолетните лица кои беа дел од сценографијата се на возраст од 17 години ученици во СОУ Гошо Викентиев и тоа две лица, а едно лице е на возраст од само 16 години, ученик во средно училиште во Штип.

Покрај двегодишната деструктивна и негаторска политика на СДСМ, лажните и нереалните ветувања за граѓаните како дел од памфлетот наречен програма на СДСМ, тие вчера со злоупотребата на малолетни лица за политички цели по којзнае кој пат ја преминаа и границата на коректното однесување и делување.

Ваква злоупотреба на малолетни деца е јасно дефинирана и регулирана со Закон. Според Член 9 од Законот за заштита на децата, се забранува злоупотреба на децата поради политичко или верско организирање и дејствување.

Исто така, според членот 130 од истиот Закон за заштита на децата, за истото дело/прекршок се предвидува парична глоба.

Според членот 19 од Законот за правда на децата, дете е секое лице на возраст до 18 години.

Ние како партија сме згрозени од ваквата злоупотреба на малолетни лица, но не сме и изненадени гледајќи во изминатиов период на што се Социјалдемократскиот сојуз на Македонија е спремен само за да дојдат на власт.

СДСМ поради ова кршење на законите и оваа злоупотреба на малолетни лица за политички цели во предизборна кампања, мора да понесе морална, политичка и кривична одговорност.

Апелираме да престанат вакви и слични злоупотреби на малолетни лица, а одговорот на сето зло што оваа партија и го направи на државата ќе го добијат од граѓаните на 11 декември.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари