Пингпонгарите на „Кочани“ не успеаја да ја победат извонредната екипа на „Астраион“ од Струмица во последното есенско коло и се симнаа од првата позиција на табелата.

Гостите предводени од одличниот Стаменковски кој ги победи сите тројца свои противници е најзаслужен за победата на Струмичани од 5:2 со што „Астраион„ се искачи на првото место на табелата и ја понесоа титулата есенски шампиони.

Единствените две победи за кочанчани ги остварија Ефремов и Тодосиев.

Сепак игрите што ги прикажаа пингпонгарите на „Кочани“ во есенскиот дел од првенството влеваат надеж дека со добри подготовки и редовни тренинзи можат да го остварат својот сон и од следната година да се натпреваруваат во Супер Лигата.

С. Ивановски

4

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари