Се одиграа натпреварите од последното 15-то есенско коло во Третата Фудбалска Лига – Исток. По денешната победа на „Беласица“ над „Осогово“ под светлоста на рефлекторите, Струмичани и официјално ја заверија есенската шампионска титула. Веднаш зад нив е „Плаковица“ која имаше стравотен финиш, а на третото место е хитот на првенството „Каменица Саса“.

Осогово по слабиот почеток и финиш на првенството кога од првите три натпревари освои само три бода а од последните три ниту еден сепак се најде на петтото место на табелата.

„Брегалница Голак“ не ги исполни очекувањата на нивните навивачи, а подмладените екипи на „Слога 1934“ и „Рудар“ се најдоа онаму каде според квалитетот им се и можностите.

Комплетни резултати од последното 15-то есенско коло:

„Беласица“ – „Осогово“  2:0

„Слога 1934“ – „Василево“  2:2

„Каменица Саса“ – „Рудар“  1:0

„Плачковица“ – „Брегалница Голак“  2:0

„напредок Здравје“ – „Овче Поле“  3:2

„Работник“ – „Тиверија“  0:1

„Бирлик Конче“ – „Кит Го Пехчево“  0:3 (службен резултат)

Екипата на „Малеш“ беше слободна.

Табела по завршување на есенскиот дел од првенство

1.  Беласица  39  (66:06)

2.  Плачковица  33  (35:06)

3.  Каменица Саса  31  (35:14)

4.  Овче Поле  28  (43:14)

5.  Осогово  27 (27:12)

6.  Кит Го Пехчево  22 (25:17)

7.  Напредок Здравје  21  (22:26)

8.  Брегалница Голак  18  (24:20)

9.  Василево  18  (18:29)

10.  Работник 17 (15:21)

11.  Тиверија  17  (19:26)

12.  Малеш  15  (26:27)

13.  Слога 1934  10 (16:36)

14.  Рудар  10  (11:40)

15.  Бирлик Конче  0  (05:94)

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари