Општинската организација на СДСМ од Кочани преку прес-конференција на која зборуваше нејзиниот претседател и кандидат за пратеник, Сашко Костов го пренесе својот став во врска со забелешките на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за учеството на малолетни лица на митингот на коалицијата „За живот во Македонија“ што во петокот се одржа во Кочани.

„Децата кои беа на самата бина се членови на Локалниот клуб на Социјалдемократската младина и истите се на возраст од 17 до 18 години, тие на бината беа како резултат на нивни барања и по барање на нивните родители. Би требало да знаете дека во конкретниот случај не станува збор за никаква политичка злоупотреба, бидејќи не се работи за платена политичка програма, туку за општ народен митинг на СДСМ. Вие, пријатели од ДПМНЕ, кои зборувате за злоупотреба на малолетници, еве денес пред целата македонска јавност ќе ги презентираме материјалите кои Центарот за комуникација на СДСМ ги набави од социјалните мрежи и други извори, рече Сашко Костов, кандидат за пратеник од коалицијата „За живот во Македонија“.

DSCN0220

Костов прикажа фотографии на кои се наоѓале малолетници кои биле вклучени во партиски активности на ВМРО-ДПМНЕ. Исто така, тој рече дека имало лица кои користеле боледување, а истовремено работеле во предизборната кампања на партијата на власт.

„За целата оваа драма да биде уште посмешна ќе објавиме фотографија од лице кое е вработено во Здравствениот дом – Кочани во одделот Итна медицинска помош, кое во време на боледување е во кампања заедно со градоначалникот и е во екипата која им дели флаери на граѓани од улицата “Роза Петрова“, додаде Костов.

DSCN0227

На прес конференцијата Костов го повика директорот на Здравствениот дом да го провери случајот и да постапи според законските прописи.

На крајот упати порака дека СДСМ им е посветен на граѓаните и заедно со нив сегашната власт ќе ја испрати во историјата, не како партија, туку како фамилијарна фирма.

Со почит , Центар за Комуникации на СДСМ Кочани Прес центар на кандидатот за пратеник и претседател на ОО СДСМ Кочани, м-р Сашко Костов

DSCN0209

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари