Четвртата Форумска сесија, на „Форумот во заедницата – Буџетски форум“ ќе се одржи на 29-ти Ноември, (Вторник), 2016г. во ресторан „Аква“ во Кочани со почеток во 18:00 часот.

Општина Кочани, во периодот од Октомври заклучно со месец Декември 2016г., ќе го реализира проектот „Форуми во заедницата – буџетски форум“, со цел партиципативно и транспарентно изготвување на буџетот на општината за 2017 година заедно со граѓаните.

Заклучно со месец Декември, ќе се одржат 5 форумски сесии, на кои ќе се подготви предлог буџетот за 2017 година и истиот ќе се достави на усвојување на Советот на Општината во месец Декември.

Целта на овој проект е да го зајакне граѓанското учество во процесот на одлучување на локално ниво, да се подобрат партнерствата помеѓу локалните субјекти и да се изнајдат поефикасни решенија за проблемите од интерес на целата заедница.

Лице за контакт е Координаторот на проектот Елена Димитровкска, тел. 070 249 370, elena.dimitrovska@kocani.gov.mk.

Општина Кочани

Градоначалник

Ратко Димитровски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари