Носителот на листата на Коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ во Изборната единица број 3 Илија Димовски, денес престојуваше во работна посета на Кочани.

Димовски најпрвин во седиштето на партијата одржа прес конференција на која преку медиумите ги запозна граѓаните за двете нови мерки кои се дел од Програмата на партијата.

Како што истакна Димовски се работи за мерки кои се од големо значење за земјоделците и стопанствениците во Кочанскиот регион. Граѓаните кои во рамка би ги ставиле своите земјоделски бизниси од државата би добиле кредит од 7.000 Евра со време на отплата од седум години и со грејс период од една и пол година. Компаниите или фирмите пак, кои ќе отворат ново работно место би добиле кредит од државата во висина од 3.000 Евра со рок на отплата од 2 години и грејс период од 1 година а со камата од 1%.

Димовски се задржа и на вработувањето во општината. Тој потенцираше дека од заминувањето на СДСМ од власта до денес бројот на вработени лица е зголемен за 80%.

По завршувањето на прес конференцијата Илија Димовски оствари средба и со младите од партијата во Градскиот Трговски Центар од каде го посети ромското маало, за да посетата ја заврши во село Тркање.

С. Ивановски

DSCN0289

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари