На 30.11.2016 година во 19:00 часот телефонски во ПС Кочани, С.К. (44) од Кочани, претседател на ОО на СДСМ Кочани, пријавил дека истиот ден околу 18:55 часот непознати лица насилно влегле во изборниот штаб на ОО на СДСМ лоциран во „Шопинг центар“-Кочани, каде биле присутни четири членови, и им се заканувале со физичка сила.

Притоа, едно од лицата го отстранило изборниот плакатен материјал, кој бил поставен на излогот од штабот, го фрлил во картонска кутија и си заминал.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на настанот.

Извор  МВР

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари