ВМРО ДПМНЕ на вчерашниот митинг во Кочани доживеа невиден дебакл, кој повторно ќе се потврди на 11 Декември, рече на прес конференција претседателот на Општинската организација на СДСМ – Кочани Сашко Костов.

„Пред почетокот на митингот младите ви испратија јасна порака на вас и на вашиот лидер Груевски дека не е достоен и не заслужува повеќе да биде присутен во ниту еден град во Р. Македонија. Овој пат пораката беше испратена од Истокот, младината на Чешиново-Облешево го пречека со транспаренти кои носеа јасна порака дека не е добредојден. Да ве потсетиме господине Груевски, дека десет години бевте на власт и сега повторно сакате да манипулирате со оризопроизводителите, како што секогаш ветувавте а не исполнувавте тоа никогаш не беше радосна, туку реална тажна вест. Имавте шанса цели 10 години Кочани да го направите рај на белото злато. Касно е Никола, луѓето веќе ги препознаваат вашите блеф ветувања, бидејќи за жал ни „О“ од нивните остварувања. Зарем не сметате дека вашето “РЕАЛНО” станува едно ГОЛЕМО НЕРЕАЛНО ОПШТЕСТВО исполнето со многу лаги, манипулации и криминал.

Ние имаме план за живот во Р. Македонија.

Господине Груевски ние не сме Халкидики, ние сме празната Источна Македонија. И сега според вас господине Груевски, што е реално во Македонија? Што цела Источна Македонија лута надвор од границите, а вие упорно ни продавате чоколади а ние немаме ни за леб? Што за било каква работа во Р.Македонија е потребна ваша партиска книшка, а не знаење“, рече на прес конференцијата Костов.

„Младите сакаат промени и реално разликите се огромни“, заврши Костов.

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ НА ОО СДСМ КОЧАНИ

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари