ЌЕ ОСТАНЕ ЛИ ОПШТИНА „ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО“ БЕЗ ТРЕТОЛИГАШКИ ФУДБАЛ?

Во Спорт
февруари 19, 2023
1 минути

Финансиската криза затропа на вратата на третолигашот „Академија Чешиново-Облешево“ единствениот активен клуб од општина Чешиново-Облешево кој моментно се натпреварува во Трета Фудбалска Лига – Исток.

Од клубот се надеваат сепак дека советниците на следната седница на Советот на Општина Чешиново-Облешево ќе соберат сили, ќе ги надминат личните предрасуди и ќе издвојат средства за да клубот ја уплати котизацијата за пролетниот дел од сезоната која започнува првата недела од месец Март.

За потсетување само. Општина Чешиново-Облешево во моментот  нема во Буџетот издвоени средства за спорт, ниту пак имаат објавено јавен повик да може клубот да аплицира со комплетна документација.

Голема штета би било доколку советниците не изнајдат можност да донесат одлука и да му помогнат на третолигашот, кој доколку не се случи вакво нешто не само што нема да ја доигра сезоната, туку лесно може н да згасне а само што почна да се зголемува бројката на заинтересирани дечиња и млади момчиња да пристапат во клубот, да тренираат и да играат натпревари.

Есенскиот дел од првенството „Академија Чешиново-Облешево“ го заврши на осмото место од 12 екипи со освоени тринаесет  бода , односно осум повеќе од зоната за испаѓање.

Дали ќе има третолигашки натпревари во Чешиново и пролетта ќе се знае во Вторник по завршувањето на седницата на Советот.

С.  Ивановски0