Добар резултат и одличен пласман за претставниците на КГС „Кочани“ на Меѓународниот турнир во гимнастика „Лазар Крстиќ и Марица Џелатовиќ“.

На турнирот кој се одржа во Нови Сад (Република Србија) се појавија повеќе од 240 гимнастичари од: Македонија, Хрватска, Словенија, Србија, БиХ, Бугарија, Франција, Данска, Германија, Малта, Јордан, Романија, Унгарија и Јужна Африка.

6

Македонија ја претставуваа само тројца гимнастичари, еден од Битола и двајца од Кочани. Рејтингот на гимнастиката од Кочани го бранеа Јана Николова и Антонио Јаношевиќ, го бранеа, и не само што го одбранија туку го подигнаа за едно скалило погоре.

Имено, Антонио Јаношевиќ во повеќебој го освои сребрениот медал со што се здоби со право да настапи во финалето каде на коњ со рачки беше 4-ти, на разбој 5-ти, а на вратило 7-ми.

2

 

Забележителен беше настапот и на Јана Николова но поради огромната конкуренција во нејзината категорија не успеа да се искачи во повисоките места.

Сепак и ова е голем успех за гимнастиката на Кочани, бидејќи освен успесите на Државните првенства се позабележителни се резултатите и во меѓународна конкуренција, му се допаѓало тоа некому или не.

С. Ивановски

3

4

5

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари