Со одигрувањето на првото коло на кое домаќин беше Делчево, денес и официјално стартуваа натпреварите од новото првенство во Ракометната лига на Академија „Металург“ за генерацијата 2002/2003 (момчиња и девојчиња) во кои настапуваат и ракометарите и ракометарките на „Младинец“ од Кочани, како и генерација 2004/2005 во која немаме наши претставници.

Инаку во генерацијата 2002/2003 кај момчињата освен „Младинец“ Кочани, настапуваат и „Астра Спорт“ (Македонска Каменица), „Дедо Иљо Малешевски“ (Берово), „Брегалница“ (Делчево), „Торо Спорт“ (Виница) и „Тиквеш“ (Кавадарци).

Кај девојчињата има пет екипи „Младинец“ (Кочани), „Астра Спорт“ (Македонска Каменица), “Брегалница“ (Делчево), „Кочо Рацин“ (Кратово) и „Дедо Иљо Малешевски“ (берово).

Постигнати резултати во првото коло.

Кај момчињата:

„Астра Спорт“ – „Дедо Иљо Малешевски“  10:06

„Младинец“ – „Брегалница“  20:13

„Торо Спорт“ – „Тиквеш“  06:13

„Торо Спорт“ – „Брегалница“  10:04

„Брегалница“ – „Тиквеш“  02:15

Кај девојчињата:

„Астра Спорт“ – „Брегалница“  17:04

„Кочо Рацин“ – „дедо Иљо Малешевски“  10:09

Слобода беше екипата на „Младинец“

Во следното второ коло домаќин ќе биде Македонска каменица.

С. Ивановски

12

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари