Во просториите на ОК на ВМРО ДПМНЕ – Кочани денес носителот на листата во ИЕ-3 од Коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ Илија Димовски одржа прес конференција.

На почетокот Димовски ги наброја сите инвестиции кои се направија во Кочани во изминатиот период а потоа како дел од Програмата за следниот период рече:

„Сакам да ве известам дека вчера беше склучен договор помеѓу Владата на Република Македонија и изведувач за конечна изградба на Експресниот пат Штип – Кочани. Со оформувањето на тој патен правец и автопатната делница од Скопје до Штип, Кочани ќе добие најсовремена поврзаност со цела Република Македонија и со центарот на Република Македонија. Во следниот период околу Кочани ќе се рехабилитираат и ќе се инвестираат средства во Регионални патишта. Патниот правец Винички „Превалец“ до Македонска Каменица и Делчево ќе претрпи целосна реконструкција.

Од Македонска Каменица ќе се изгради Регионален пат до Крива Паланка.

Ќе се изврши реконструкција на патниот правец од Виница до Бигла односно Делчево, како и реконструкција на патниот правец кон Берово со што Кочани ќе биде многу поблиску до Делчево и Берово.

Од големо значење за Кочани ќе биде изградбата на националниот гасоводен систем и ќе биде првиот град во овој регион што ќе ја добие магистралната гасоводна линија.

Ќе се продолжат работите за изградба на Браната „Речани“ на Оризарска Река“.

По завршувањето на прес конференцијата на Илија Димовски, од ОК на ВМРО ДПМНЕ – Кочани закажаа последен прес кој ќе се одржи на 09 Декември а на кој свое обраќање ќе има кандидатот од Кочани за пратеник во ИЕ-3 Иван Иванов.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари