Почитувани,

Работните задолженија и задачи на Градоначалникот и на административните службеници во Општина Кочани се секојдневни активности, кои Социјалдемократскиот сојуз од Кочани ги натоварува како наш предизборен грев.

Сакам да ја известам јавноста дека Општината асфалтира, гради потпорни ѕидови и поставува рабници во текот на целата година, па и сега, затоа што тоа се започнати проекти, а не предизборен маркетинг. Тоа ќе го правиме и по 11 декември, ако му пречи некому нека провери во општинските програми.

Лицето Јордан Гицов, што го именувате е службеник кој нема задолженија за уривање дивоградби, туку е комунален редар којшто ja контролира јавната чистота и е должен да биде на соодветни локации во градот и во општината.

Нови вработувања во Општина Кочани нема, тоа се трансформации на работен однос за лица коишто претходно беа работно ангажирани по друг основ.

И за крај, што се однесува до мене, како Градоначалник, стојам на ставот дека работните задачи ги извршувам совесно и одговорно 24 часа и моја должност е да бидам насекаде низ градот и да лобирам за реализација на проекти и за интересите на нашата Општина.

Кочани, 7 декември 2016 г.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари